39 – годишната Катја Авеиро е на добар пат да го засени својот славен брат, еден од најдобрите фудбалери на светот – Кристијано Роналдо.
Имено, Катја преку ноќ стана интернет сензација кога започнале да ја следат речиси 100 илјади луѓе на социјалната мрежа Инстаграм каде што објавува провокативни фотки.
Катја ги воодушеви нејзините следбеници на Инстаграм со фотографиите од нејзините раскошни облини, но и мирните моменти со семејството.
Таа е и популарна блогерка во својата земја, а пишува за исхраната и дава совети како да ги задржите облините и насмевката. Редовно оди во теретана и има два сина – Родриго и Денис.
Пред само две години изгледала вака, но сега успеала да ја доведе својата фигура до совршенство и со својот атрактивен изглед да освои многу мажи ширум светот.
Ако не сакате да се замерите со неа, подобро е да не кажувате ништо лошо за нејзиниот брат Кристијано Роналдо. Катја е најверојатно најголемиот обожавател на фудбалерот на Реал Мадрид.