Што да консумирате ако имате проблеми со бубрезите?

popara8 септември, 20161min00
14

Во денешно време многумина се жалат на болки во бубрезите, а неретко е случај и да имаат некоја болест што ја отежнува нивната работа. Но, освен што пиете некоја терапија, добро е да внимавате на исхраната и да консумирате одредени намирници кои значително ќе го подобрат здравјето на бубрезите.

Црвена пиперка

Овој зеленчук е одличен извор на витамини С, А и В6, фолна киселина и влакна. Од друга страна пак, скоро и да не содржи калиум, иако истиот е многу важен за нашиот организам, но една од функциите на бубрегот е да го исфрла вишокот на калиум од телото. Ако бубрезите не функционираат добро, вишокот калиум нема да се исфрли и може да предизвика проблеми како што е неправилно срцебиење или инфаркт.

Кромид

Иако не сакате да го подготвувате, кромидот е зеленчук кој треба многу повеќе да го користиме во исхраната. Освен што има мала количина на калиум, исто така е одличен извор на флавоноид, силен антиоксиданс кој го намалува ризикот од срцеви заболувања, а има и антиканцерогено дејство.

Зелка

Зелката е одличен извор на витамини К и С, а како и црвената пиперка содржи голема количина на витамин В6, фолна киселина и влакна. Исто така има мало количество на калиум, што ја чини адекватна за одржување на здравјето.

Карфиол и брокула

Карфиолот и брокулата имаат голема количина на витамин С, фолати и диетални влакна. Освен тоа, обилуваат со сулфозани, кои ги спречуваат канцерогените процеси да се одвиваат во организмот.

Лук



Лукот е познат по тоа што ги намалува воспалителните процеси, како и поради намалување на ризикот од згрутчување на крвта. На личностите заболени од некоја бубрежна болест им се препорачува да консумираат лук во прав, наместо свеж, затоа што така се намалува количината на калиум.

Брусница

Позната е како идеална намирница за уринарни инфекции, а на сличен начин може да помогне и на дигестивниот тракт, а со самото тоа и на бубрезите.

Јаболка

Старите се во право кога ни кажуваат дека треба да се јаде по едно јаболко на ден, бидејќи го намалуваат холестеролот и штитат од срцеви заболувања. Освен тоа богати се со влакна и имаат против воспалителни својства.

Боровница

Она што на боровницата и дава виолетова боја, вас ви го чува здравјето. Се работи за антоцијанин, фитонутритиенти и актиоксиданси кои го чуваат циркулаторниот систем од разни воспаленија и оштетувања, а го намалува и ризикот од дијабетес и дебелина. Со тоа, во боровницата може да се пронајде голема количина на магнезиум, влакна и витамин С.

Белка од јајце

Белката од јајце содржи чисти и квалитетни протеини со есенцијални аминокиселини, а содржи и помалку фосфор од другите извори на протеини, како што се оние кои може да се пронајдат во месото.

Маслиново масло

Маслиновото масло е темел на медитеранската исхрана, а истражувањата покажале дека оние земји во кои медитеранската исхрана е вообичаена, живеат поздрави жители – односно има помалку случаи од срцеви заболувања и рак. Овој вид на масло содржи олеинска киселина, која има против воспалителни дејства.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag