Дознавте дека вашиот поранешен го променил својот статус на Facebook од “single“ “in relationship“ и тоа ве вознемири. Не ви е јасно зошто така се чусвтвувате, но сепак некоја љубомора не ви дава мир.
Еве што никако не смеете да направите за тој да не дознае дека сте очајна…
Немојте да ја барате неговата девојка на Facebook!
Немојте да се споредувате со неа! Тоа е најлошото нешто што можете да си го направите.
Немојте да му испраќате СМС пораки, да му пишувате на Facebook ниту пак да му се јавувате!
Немојте да ја наговарате вашата пријателка да и испрати барање за пријателство на неговата нова девојка!
Иако е тешко, помирете се дека со вас двајца е се завршено. Немојте да се затворате дома, бидете во друштво на пријателите и семејството.
Излегувате, дружете се и уживајте во животот. Најдете некое хоби и ќе видите дека по извесно време се ќе си дојде на свое место.