Што може важбањето да направи за вашиот ум?

popara18 јуни, 20161min00
12

Постојат милион прилини за да почнете да вежбате, но најчесто луѓето тоа го прават затоа што сакаат да се доведат во форма. Иако е супер да имате задник од милион долари, уште подобро е да имате ум кој може да ви донесе милион денари.

Зошто мислите дека толку многу луѓе стануваат „зависни“ од вежбање? Веројатно затоа што потоа се чувствуваат супер, не само физички, туку и психички. Всушност вежбањето веројатно има повеќе психички придобивки отколку физички. Би се рекле, како може вежбањето да ви го „тренира“ и умот?

Вашиот ум се откажува пред да се откажат нозете

Веројатно сте чуле многу фитнес инструктори како го повторуваат ова. Вашите мускули се многу помоќни отколку што вие им давате заслуга. Вашиот мозок е тој кој им вели дека не можат да издржат. Ако имате контрола над умот ќе можете да го контролирате и телото.

Ве оттрнува од проблемите

Кога ќе почнете да вежбате вашите проблеми седнуваат на клупа. Вашиот ум не може да троши време мислејќи на работите врз кои нема контрола кога пред него има тегови кои треба да ги дигне.

Го подобрува расположението

Дали знаевте дека вежбањето е еден од најефективните начини за третирање на депресија? Не попусто постојано се повторува јадете правилно, бидете физички активни, пијте доволно вода… Тоа не се измислици, тоа навистина фукнционира.

Додека вежбате во вашиот ум се ослободува ендорфин, а тој ве прави среќни. Па затоа кога не се чувствувате најдобро наместо да се самосожалувате повежбајте.

Ви го оттрга умот од секојдневните глупости

Кога вежбате единственото нешто на кое се фокусирате е задачата која ја имате пред себе. А знаете на што не се фокусирате? На фактот дека шефот ве малтретирал цел ден за ништо, на глупостите кои сте ги изначитале на интернет, на озборувањето кое сте го чуле и воопшто не ви допаднало и на сите останати глупости кои некако го нашле патот до вас во текот на денот.

Ви помага да се смирите кога сте лути и напнати

Имавте тежок ден? Земете ја својата фрустрација и однесете ја во салата за вежбање. Или вежбајте во природа, или пак во дневната соба. Не е битно, се додека го мрднете задникот.

Уште еднаш, ендорфинот ја игра главната улога. Тој е исто така одговорен и за еуфоријата која ја чувствувате додека вежбате.

Го буди умот побргу од кафе

Експертите велат дека кофеинот не го постигнува ефектот кој мислиме дека го има, од проста причина што сме зависно од него. Ако навистина сакате да имате наплив на енергија наутро почнете го денот со вежбање.

Ја подобрува самодовербата

Не е битно како изгледате, во моментот кога ќе завршите со вежбање се чувствувате како супер модел.

Ви го става животот во ред

Тоа што ќе имате една рутина која ја сакате во текот на неделата ќе ви помогне и подобро да ги организирате останатите обврски. Освен тоа работната недела ќе ви минува побргу и посреќно.

Го одржува здравјето на мозокот

Кога вежбате го зголемувате протокот на крв во целото тело, што директно влијае и на мозокот и му овозможува да работи подобро. Токму затоа и се чувствувате пофокусирани и поприсутни откако ќе вежбате.

Со редовно вежбање и одржување на силен проток на крв се поттикува раст на нови мозочни клетки.

Ве прави попродуктивни на работа

Кога вашиот мозок ќе добие турбо фитнес инекција, на работа ќе биде бидете незапирливи. Ако мислите дека кафето ви помага да се фокусирате ќе се изненадите кога ќе забележите што може да направи вежбањето.

Воедно ќе бидете попродуктивни и помотивирани да завршите каква било обврска во секој аспект од животот, па дури и во миењето на садови ако тоа е вашата најомразена активност.

Ви помага да ја подобрите меморијата

Бидејќи способноста да паметите работи е зависна од здравјето на мозокот, тогаш фактот дека вежбањето ја подобрува меморијата има смисла.

Ќе бидете поинспирирани

Дали знаевте дека една добра сесија вежбање може да ви го „држи“ мозокот и два часа потоа? Ви треба малку инспирација? Време е да вежбање!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag