Списанието „Венити Фер“ во соработка со емисијата „60 минути“ решиле да го пронајдат одговорот на ова прашање, па спровеле истражување со цел да влезат малку во умот на мажите и да добијат некакви одговори.
2/3 од анкетираните мажи рекле дека е многу тешко да најдат жена по мерка и дека кај една жена најважни се квалитетите. 17% велат дека смисолот за хумор е многу важен, а 40% се изјасниле дека сакаат жена којашто има мајчински инстинкти.
Кулинарските вештини се важни за само 3% од мажите. Она што највеќе изненадило е тоа што само 3% од мажите се изјасниле дека бараат жена со здрав сексуален нагон, а само на 1% им е важен физичкиот изглед и убавината.
Тие исто така биле запрашани и за тоа кој телевизиски лик би го издвоиле како совршен материјал за сопруга и 23% одговориле дека би ја избрале Пени од „The Big Bang Theory“, која во серијата се има откажано од студирање и воопшто не е позната по паметот или мајчинските инстинкти…
Интересно, зарем не?