Во езерото Сера де Естела во Португалија, сосема случајно, со дрон е откриена џиновска мистериозна дупка која потсетува на вител кој ја влече водата.
Оваа дупка, длабока дури 1.500 метри за која не знаеле ниту мештаните кои живеат во близина на езерото, сосема случајно ја снимиле тројца пријатели додека со дрон го снимале ова езеро.
Откако се појавило видеото на интернет, научници откриле дека дупката не настанала по природен пат, туку дека е изградена уште 1955 година, со цел да ги контролира водените токови.