
Погледнете дел од приватните авиони на некои од најбогатите луѓе на планетава.
Доналд Трамп – Boeing 727-23
Поранешниот авион на „American Airlines“, произведен 1969 година е тотално изменет откако е во сопственост на мултимилијардерот Доналд Трамп.
Сите седишта се заменети со удобни кожни фотелји, металниот дел на појасите е направен од злато, насекаде во авионот има скапи уметнички слики и кристални лустери. Логото „TRUMP“ кое се наоѓа на надворешниот дел на авионот е направено од 23-каратно злато.

Роман Аврамович – Boeing 767-33A
Овој авион иако не изгледа премногу спектакуларно однадвор, сепак неговиот ентериер е неверојатен. Доминира кафената боја и нормално, полн е со златни елементи. Најчесто може да се забележи на аеродромот „Luton“, 60 километри северно од Лондон.

Елвис Присли – Convair 880
Авионот е наречен „Lisa Marie“ по неговата ќерка. Овој авион наместо фабричките 110 седишта, направен е да има само 28. На опашката на овој авион, кој не е повеќе за користење, го има персоналното лого на кралот „TCB“ кое е кратенка од „Taking care of Business“.

Бил Гејтс – Bombardier BD-700 Global Express
Овој авион може да превезува 8 луѓе, на релација подолга од 10 000 километри. Може да лета на максимална надморска височина од 15 000 метри и претставува навистина одличен и елегантен авион.

Хасанал Болкија, султанот од Брунеи – Boeing 747-430
Султанот од Брунеи за овој авион платил околу 100 милиони американски долари, а потоа го наполнил со сопствен ентериер, составен од златни и кристални елементи кои чинеле додатни 120 милиони долари. Тој исто така поседува уште 7 авиони и два хеликоптери, но ова е неговото најголемо воздушно превозно средство.
