Секој од нас има свои желби, но повеќето од нив остануваат само во соништата и често ни недостасува храброст за да ги спроведеме на дело.
Сепак, на интернет кружи еден чуден ритуал, за кој што многумина тврдат дека може да помогне при остварувањето на желбите. Еве како се спроведува истиот.
Напишете ја на лист својата желба. Таа мора да има карактер на тврдење. На пр .: „Јас сум здрав/а. Ме очекува само добро.“
Потоа ставете го листот на масата, а врз него ставете чаша полна со вода. Тријте ги дланките една од друга и замислете дека енергијата минува меѓу нив. Потоа одвојте ги дланките и ставете ги околу чашата, но без да ја допирате. Повторете ја вашата желба уште неколку пати, најдобро на глас, со уверување дека зборовите ве водат кон исполнување и замислувајте како таа се исполнува. Направете ја оваа постапка два пати – наутро и навечер.
Сепак внимавајте желбата да не го содржи зборот „Не“. Желбата треба да биде јасно формулирана и да не се однесува на нечие страдање, туку лично за вашата среќа.
Ако желбата е поврзана со здравјето, водата во чашата стекнува исцелувачки својства. Но само за вас.
Кога ќе го направите ритуалот задолжително испијте од водата. Полека, мислејќи на желбата, чувствувајте го нејзиниот вкус.
Според бројни истражувања водата крие тајни кои што не ги знаеме, а најпознатото тврдење на оваа тема, е содржано во документарниот филм Вода.
https://vimeo.com/72646040