
Најдолгата комерцијална патничка авионска линија на свет, меѓу Перт во Западна Австралија и Лондон во Велика Британија, би требало да добие дозвола наредната недела, а првите летови се очекуваат кон крај на декември.
Компанијата Квантас ќе ги поврзува овие два града оддалечени 14.466 километри со авиони Boeing 787 Dream liners.
Летот ќе трае 17 и пол часа, со што ќе стане најдолг на свет.
Моментално, најдолга рута е онаа што ја прелетува Airbus A380 на Emirates Airlines – од Дубаи до Окланд – долга е 14. 200 километри.