Сочувајте го овој текст и прочитајте го кога чувствувате дека ве гушат негативни мисли

popara17 ноември, 20161min00
3

Повторно прочитајте го овој текст ако некогаш се чувствувате лошо…

  1. Животот не е лесен, но може да биде преубав. Иако можеби се соочуваме со куп на несреќни околности за кои не сме спремни, и понатаму можеме да бидеме среќни во тој „несовршен“ живот, ако ја промениме перспективата. Ќе бидеме поспремни за сите неволји, доколку го прифатиме фактот дека не може да има животни искачувања, без падови.
  2. Луѓето кои не разочаруваат не се ништо повеќе од лекција. Тие влегле во нашиот живот за да не научат за самите нас, или за животот. Најголемите промени често произлегуваат од најголемите разочарувања. Така се развиваме и раснеме и во иднина носиме подобри одлуки.
  3. Не можеме да го смениме минатото, но можеме иднината. Нас не не одредува тоа што сме го направиле, или што ни се случило, туку тоа што ќе го избереме да бидеме. Својот живот можеме било кога да го промениме, ако ја превземеме одговорноста за својот живот и ако активно работиме на тие промени.
  4. Претпоставките се темел на сите негативности. Наместо брзо да заклучувате, или да носите грешни претпоставки, би требале да живеете ден по ден и да пуштите времето да ги открие одговорите кои ги бараме. Замарањето на нашиот ум со претпоставки ќе доведе само до збунетост и фрустрација.
  5. Само затоа што дојде крај на нешто убаво, не значи дека на повидок не е нешто уште поубаво. Нашиот живот е во постојано движење и напредок- а и ние заедно со него. На добрите нешта често им доаѓа крај, бидејќе не се најдобар избор повеќе за нас и мораме да чекаме и да се надеваме дека животот ни спрема нешто уште подобро.
  6. Секој ден започнете го со благодарно срце. Треба да бидеме задоволни за здравјето, за луѓето во нашиот живот и воопшто за животот. Најдобар начин да се ослободиме од негативностите е да бидеме благодарни на сите оние нешта што секојдневно ги земаме здраво за готово.
  7. За некои работи треба време. Бидете трпеливи. Ако нешто не се случи веднаш, тоа не значи дека нема да се случи никогаш. Трпеливоста е важна и мораме да веруваме дека работите ќе се случат кога е време за тоа.
  8. Без темнина, никогаш не би можеле да ги видиме ѕвездите. Лошите работи можат да родат нешто преубаво, а нас да не сторат уште подобра и посилна личност. Понекогаш е потребна најлошата болка за да го поттикне она најдобро во нас.
  9. Луѓето во нашиот живот се поважни отколку што мислиме. Доколку се дружиме со луѓе кои не инспирираат и во нив го гледаме само тоа што е најдобро, ќе се ослободиме од негативноста побрзо. Не го трошете своето време со луѓе кои се хранат со негативни и лоши нешта, тие ќе кинат од вашата среќа, парче по парче.
  10. Само позитивниот ум може да ни пружи позитивен живот. Негативните мисли се како коров што ќе расне се додека не го искорениме. Затоа мораме секогаш да бидеме позитивни и да се фокусираме на она што можеме да го контролираме, како и да ги отфрлиме сите мисли, што не кочат, една по една.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag