Софија Вергара го лансираше својот нов парфем „Tempting By Sofia Vergara“. За промотивниот настан кој се одржа во Вест Холивуд, Калифорнија, 44-годишната Колумбијка избра црна припиена креација.
Фустанот кој ги истакнуваше нејзините облини доаѓа од италијанската модна куќа Долче и Габана. Вергара го комплетираше својот стајлинг со обувки од Кристијан Лобутин.