Сокот се прави многу едноставно, а единствен недостаток му е тоа што не е баш вкусен. Но резултатите се толку добри што вреди секоја голтка!
Доколку се чувствувате преморени, немате енергија или сте депресивни, можеби овој сок е тоа што ви е потребно.
Потребно е…
1 килограм цвекло
1 лимон
1/2 килограм морков
3 портокали
3 јаболка
1 килограм мед
Начин на подготовка…
Сите состојки се чистат и се ставаат во блендер. Ќе добиете сок со црвеникава боја, кој потоа треба да го ставите во шише или тегла ( не е препорачливо да биде во пластично шише) и да го чувате во фрижидер. Сокот дава неверојатни резултати доколку го пиете наутро на празен стомак, само половина чаша.