
Сопругата на славниот рокер ја шокираше јавноста со својата неодамнешна изјава. Шерон Озборн, сопругата на рокерот Ози Озборн, изјави дека го фатила својот маж во кревет со две дадилки.

Таа во емисијата „The Talk” ја раскажа оваа случка. Во еден период имале четири дадилки бидејќи имале три мали деца. Поради постојаните патувања не можеле да се ослонат на само една дадилка, па тоа била причината зошто имале повеќе.
– Имавме четири дадилки бидејќи работев пет дена во неделата и не можевме да вработиме само една. Сепак, тие ми предизвикаа големи проблеми. Сите сакаа да станат познати и сите сакаа пари – рекла Шерон.
– Две од нив дури фатив во кревет заедно со Ози, но не во исто време. На крајот бев присилена да ангажирам машка дадилка – изјави таа.
Шерон и Ози Озборн се во брак 35 години и имаат три деца, Ејми, Џек и Кели.