Годинашниов април е најтоплиот месец откако се мери температурата, а март е најтопол месец во изминатите 136 години – гласи загрижувачката вест што ја објави американската вселенска агенција НАСА.
Според ваквите податоци, растот на глобалната температура е константа, која светот би требало сериозно да го загрижи. Американската агенција минатиот месец предупреди дека октомври, ноември и декември 2015 година и јануари и февруари оваа година ги урнале рекордите во однос на глобалните температури и оти тој тренд ќе продолжи. Според извештајот на НАСА температурата на глобално ниво во април е повисика за 1,1 отсто во однос на мерењата од 1951-1980 година, со што април стана шести месец по ред, кој ги надмина претходно измерените температури.
„Ова е навистина голема информација. Моментално сме во позиција, во која не знаеме како ќе се одвиваат работите. Знаевме дека Ел Нињо има влијание, но сметам дека никој не очекуваше ваков скок“, истакнал метеорологот Ерик Холтхаус.
Гавин Шмит, директор на НАСА Институтот Годард за вселенски истражувања заклучува дека научниците со сигурност можат да предвидат дека 2016 година ќе биде најтоплата досега.