Прифатете го предизвикот: 4 минути – 28 дена – ново тело!

popara3 мај, 20165min00
14

Прифатете го предизвикот заедно со илјадници други луѓе и доведете го своето тело во совршена форма

„Издржливост“ е една од најефикасните вежби за јакнење на средишниот дел од телото. На почетниците оваа вежба најверојатно им изгледа дека е многу едноставна, па најчесто ја прескокнуваат. Ваквите вежби го топат салото и ги јакнат мускулите на грбот и стомакот, задникот, рацете и нозете.

Ако сакате да имате тело на топ модел, следете ги овие утрински парвила! Насоки:

„Планк“ е всушност вежба за издржливост во горната позиција на склекот, а мускулите работат на сличен начин како и при склековите – ниту се издолжуваат ниту се собираат, туку длабински се јакнат и стануваат поиздржливи.

„Планк-предизвикот“ е осмислен така, да низ четири седмици постепено се зголемува времето на оваа вежба за издржливост. Се започнува со 20 секунди, а конечната цел е постигнување на четири минутен непрекинат „планк“. Во завршната фаза, вашето тело ќе биде подготвено и за поголеми предизвици, а мускулната маса ќе биде понагласена.

Кај вежбата „планк“ е најважно – правилната  положба за изведување. Кога ќе ги подигнете лактовите и ќе се потпрете на ножните прсти, најважно е горниот дел од телото да ви биде во рамна линија.

Со длабоко вдишување и со контрола на мускулите од стомакот вие треба да внимавате да не ви пропадне средниот дел од трупот, а вратот и главата треба да бидат во продолжение на грбот. Тежината распоредете ја на лактовите и нозете, така да ги напрегнете мускулите на задникот.

 

Откако ќе ја совладате правилната положба, ви преостанува само да се победите самите себеси во предизвикот кој трае 28 дена.

 

Ден 1 – 20 секунди

 

Ден 2 – 20 секунди

 

Ден 3 – 30 секунди

 

Ден 4 – 30 секунди

 

Ден 5 – 40 секунди

 

Ден 6 – одмор

 

Ден 7 – 45 секунди

 

Ден 8 – 45 секунди

 

Ден 9 – 60 секунди

 

Ден 10 – 60 секунди

 

Ден 11 – 60 секунди

 

Ден 12 – 90 секунди

 

Ден 13 – одмор

 

Ден 14 – 90 секунди

 

Ден 15 – 90 секунди

 

Ден 16 – 120 секунди

 

Ден 17 – 120 секунди

 

Ден 18 – 150 секунди

 

Ден 19 – одмор

 

Ден 20 – 150 секунди

 

Ден 21 – 150 секунди

 

Ден 22 – 180 секунди

 

Ден 23 – 180 секунди

 

Ден 24 – 210 секунди

 

Ден 25 – одмор

 

Ден 26 – 210 секунди

 

Ден 27 – 240 секунди

 

Ден 28 – издржете колку што можете

 

Изберете ја најдобрата опција на вежбата Планк за вас, и почнете уште денес!

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma