Кој е најдобриот начин за да се спречи појавата на брчките? Постојат навистина многу методи, но секако, една од најдобрите е масажата. Масажата која ние ви ја предлагаме, освен што ќе ве релаксира, ќе ја намали видливоста на брчките кои не ги сакате. Еве како:
- Започнете така што ќе го измиете лицето употребувајќи нежен гел со кој ќе го отстраните мртвиот слој клетки од кожата.
- Веднаш после тоа, исплакнете го лицето со студена вода.
- Започнете со масажа почнувајќи од вашиот врат.
- Продолжете нагоре и нежно масирајте со кружни движења сè до образите.
- Применувајте благ притисок врз слепоочниците.
- Користете ја задната страна од дланките правејќи кружни движења по образите.
- Со истите движења, масирајте се и под брадата за да ја спречите појавата на подбрадок.
- За да се ослободите од притисокот во пределот кај синусите, употребете ги средните прсти со кои нежно ќе притискате синусите, во траење од неколку секунди.
- Повторувајте ги движењата во пределот околу очите, устата и под носот.
- За да постигнете најдобри резултати, масирајте се двапати неделно во траење од 10-15 минути.