Британската старлета Кејти Прајс (37)прв пат прозборе за животот со детето со посебни потребни.
Нејзината изјава шокираше многумина. Всушност таа прв пат јавно кажала дека најверојатно би абортирала ако знаела дека носи дете со посебни потреби. За да ја ублажи оваа изјаватаа додала дека во овие години ја разгледува можноста да посвои уште едно дете со пречки во развојот.
Нејзиниот тригодишен син Харви е слеп и пати од Прадер Вилијев синдром. Харви пати исто така и од аутизам и уште некои пореметувања во однесувањето, а има и потешкотии кога се движи. -Знам дека звучи сурово, но да сум знаела дека носам слепо дете би ја прекинала бременоста. Сепак, кога сега би била во таква ситуација би го задржала бебето. Сега би посвоила и дете со посебни потреби – кажала старлетата.
Многу светски медиуми ја осудија поради нејзината изјава, но тоа би го направила секоја мајка ја оправдуваат нејзините пријатели.