
За да имате убава фризура не треба да поминете часови пред огледало со четката и фенот во раце. Вие само легнете и спијте, а фризурата ќе се прави сама! Колку убаво звучи! Еве како се прави тоа:
Прекршена коса

Поделете ја косата по средината на главата, и истото сторете го и попречно, така што косата ќе ви биде поделена на четири дела. Тоа може да го направите и на повеќе дела, колку повеќе дела толку косата ќе ви биде поубава. Секој дел од косата сплетете го во плетенка. Наутро кога ќе станете од спиење, расплетете ја косата и со прстите поминете низ косата, или пак со чешел со ретки забци. Така ќе добиете на волумен.
За благо прекршена коса која делува природно

Поделете ја косата на ист принцип како што ви кажавме во претходниот случај. Со помош на показалецот направете полжавчиња од косата. Свиткајте го секој прамен околу прстот и потоа со помош на шноли прицврстете ги “полжавчињата” за коренот на косата. Наутро, извадете ги шнолите, и без да се чешлате само растресете ја косата. Доколку сакате поголем ефект, прамените нека бидат помали.
Подобро и од преса

Наместо да ја тегнете и горите косата сега на природен начин исправете ја косата. Поделете ја косата на четири еднакви дела. Секој прамен убаво исчешлајте го и врзете го со ластичне, но не стегајте за да не сотанат траги. Потоа секој прамен префрлете го на споротивната страна, така што ќе формирате турбан. За подобар ефект ставете и пешкир на главата и легнете. Наутро убаво исчешлајте се и косата ќе ви биде перфектно права.