Иако е навлезена во седмата деценија од животот, пејачката Сузана Манчиќ вели дека сексот го сака повеќе од што било. Бидејќи нејзиниот партнер Симеон Оцомокос, со кого во врска е веќе неколку години, живее во Грција, српската водителка за свое задоволство често патува за Атина, пишува српски „Курир Старс“.
На почетокот на интервјуто за српскиот „Курир старс“, Манчиќ открила и кога последен пат имала секс.
– Вчера! Бев во Атина и имав одличен сеск! Немојте да мислите дека мене тоа ми недостига. Што има поубаво од секс? Кој што вели дека има нешто подобро од тоа задоволство лаже или нешто не е во ред со него – вели Манчиќ.
На прашањето дали се уште се снима за време на сексот, Сузана одговорила:
– Не, тоа одамна не го правам. Ги тргнав сите камери и ги фрлив. Кој што бил каснат од змија се плаши и од гуштер – рекла водителката.