
Новопечени млади од Гана сигурно ќе го помнат денот на својата свадба до крајот на животот, и тоа не по добро.
Имено, неколку моменти пред парот да го изговори судбоносното „да“, во свадбената сала влетала љубовницата на младоженецот и ја прекинала церемонијата.
Видео снимката која ја објави „Дејли Мејл“, го прикажува моментот кога љубовница, која исто така се појавила во венчаница, го грабнала микрофонот од матичарот и почнала да држи говор пред насобраните гости. Таа, зборувајќи на локален дијалект, го обвинила младоженецот дека е обичен прељубник.
Младите се обиделе да ја избркаат од салата, но безуспешно, па само немо стоеле од страна и го ислушале нејзиниот говор до крај.
Не е познато дали младите по овој инцидент продолжиле со церемонијата и се венчале.
https://www.youtube.com/watch?v=3SEcaLAy3k8