Светло кафено, беж, крем: „ИН“ нијансите за оваа пролет

popara15 мај, 20163min00
8

Kaко да носите беж оваа пролет?

Сите тонови на светло кафено-беж-крем се дефиниција за ненаметлива елеганција, или можат да креираат сладок бохо стил, во зависност од тоа како ги носите.

Нијансите на беж изгледаат чисто, свежо, рафинирано и луксузно. Миксот од сите кожа-боја нијанси во себе носи одредена женственост и минимализам со тон на гламур и боемски вибрации, без да биде наметлив.

Овие бои oддават квалитет, особено кога ги носите со храбар кармин, класични високи потпетици со тенка штикла, и аксесоари кои изгледаат скапо. Замислете си „кожа боја“ молив сукња, свилена блуза во истата боја, златен чокер, беж потпетици и храбар кармин. Совршено за во канцеларија, совршено и за пијачка после работа.

Нијансите на беж совршено одговараат и со тексас и бело, сино или црвено, а изборот најмногу зависи од вашиот личен стил.

 

Темната страна на беж

Нијансите на кожа-боја можат да направат да изгледате бледо. Кога бирате бело од глава до пети изгледот зрачи со светлина во која било сезона, но со беж тоновите нештата можат да бидат малку поинакви. За да избегнете блед и „испран“ изглед, комбинирајте ги со впечатливи бои, дури и ако се работи за мал детал, како кармин или лак за нокти.

Наоѓањето на вистинската нијанса на беж за вашиот тен и коса може да биде предизвик. Пробувајте различни нијанси сè додека не ја најдете онаа која изгледа најдобро на вас.

Но, доста е со што треба и што не треба, погледнете како се носи беж на улиците од светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma