Светот доби нова мис, прогласена е најубавата меѓу најубавите

popara21 декември, 20161min00
3

Светот доби нова мис, прогласена е најубавата меѓу најубавите
За титулата Мис на светот се натпреваруваа 117 девојки во Вашингтон, но победата ја однесе убавата Порториканка- Stefani Del Vale.

Мис на светот стана Порториканка, прва придужничка е мис на Доминиканска Република, а втора е мис на Индонезија.

Убавата Стефани има 19 години, зборува шпански, англиски и француски, а има желба да влезе во светот на забавата.

Во топ 11 влезе само една девојка од Европа, а тоа е мис на Белгија.

Минатата година на избор за мис на светот, водителот по грешка ја прочита втората победничка, а потоа се извини и кажа дека дошло до грешка, наместо да прочита мис на Филипини, тој прочита мис на Кина.Такви грешки немаше оваа година на изборот.