Светот наскоро ќе добие нов Дубаи

popara2 март, 20161min00
2

Веројатно голем дел од вас никогаш не ни слушнале за Џибути, а и ако сте слушнале, веројатно само сте одмавнале со раката и сте рекле ’па тоа е некаде во Африка’. Епа, таа држава планира да стане, ни помалку ни повеќе, туку новиот Дубаи.


Невозможно, велите? Во тој случај, гуглајте малку и пронајдете фотографии од Дубаи пред педесеттина години па ќе видите што можат да направат планот и програмата, но и богатството и вложувањето, од некојград или држава… 

Реализацијата на планот е замислена за 20 години, така што целиот овој проект се нарекува „Џибути 2035“. До седумдесеттите години кога била француска колонија, оваа земја била неразвиена, но оттогаш ја користи својата стратешка важност, па така стана една од најголемите и најзначајните пристаништа на светот.

Во споредба со Дубаи, и пејзажот во Џибути е речиси ист, па оваа земја не е погодна за земјоделство. Поради тоа и останува единствено вложување во инфраструктурата, а во таквите проекти планот е да се вложат огромни 19 милијарди долари. Најважната работа за туристите ќе биде новиот аеродром, триесет пати поголем од веќе постоечкиот. Во моментов, оваа земја секоја година бележи посета од два милиони туристи од африканскиот континент.

Што се однесува до желбата за посета, не би не зачудило и ако успее планот, бидејќи Џибути има многу што да понуди. На пример, исклучително е атрактивно езерото Асал, кое воедно е и најниската точка во Африка (155 метри под нивото на морето), но и најсолената област во светот. Водата во ова езеро е десет пати посолена од било кој океан.

Секако, со оглед на тоа што Џибути е морска земја, овде во изобилство ви се нудат морски активности како капење, подводен риболов, нуркање…

Сè на сè, се надеваме дека планот „Џибути 2035“ ќе успее бидејќи е вистинска штета една ваква убава земјаа остане неоткриена и непозната за светот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag