Романската манекенка и актерка Мадалина Диана Генеа благодарение на својата убавина беше во прегратки на многу згодни познати мажи, но прашање е дали би било тоа така ако не беа пластичните операции…
Мадалина од 15 годишна возраст ја започна својата кариера како манекенка и беше дел од многу ревии низ целата Европа, а од модните писти заврши во спот на познатиот италијански пејач Ерос Рамацоти „Il tempo tra di noi”.
Мадалина некогаш и сега …
Многумина и замеруваат дека нејзиниот изглед се променил многу откако станала позната (погледнете ја добро фотографијата), а тоа е воочливо и доколку ги споредите нејзините стари фотографии од пред естетските операции и оние од сега.
И кога ќе помислите дека Мадалина е само уште една позната 28 годишна манекенка ќе размислите два пати кога ќе дознаете дека оваа убавица зборува три јазика – романски, италијански и англиски и дека е голема хуманитарец. Во својот роден град Слатина во Романија има донирано пари за главната болница и тоа за да се реновира делот во кој се наоѓа породилното одделение.
Оваа убавица досега беше во врска со многу познати мажи како што се Леонардо Дикаприо, Џерард Батлер, Мајкл Фасбендер и пејачот Ерос Рамацоти. Денес пак, таа е верена за познатиот моден креатор Филип Плејн.
httpv://www.youtube.com/watch?v=lbA3Q5-syCk