Ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, во моментот е на одмор во Аја Напи, а со оваа фотографија на многумина им го одзема здивот.
Таа веќе неколку дена ужива со нејзината мајка во нивната семејна куќа на Кипар.
По така бурниот период Цеца и нејзината ќерка заслужија да се опуштат и да уживаат во убавото време, па решија да отпатуваат во нивната луксузна вила во Аја Напи во која секое лето се враќаат. Инаку, Анастасија и претходно го покажа своето совршено тело во кое има вложено доста труд. Таа во текот на цела година вредно работеше на него, а резултатите се и повеќе од задоволителни.