Таа е забавна, друштвена, магична и провокативна. Сака да запознава нови луѓе и не е вообразена, но нема многу интерес за долги љубовни врски.
Жена Близнаци
Непредвидлива е и својата друштвена и љубовна маска многу брзо може да ја замени со дистанцирање и ароганција. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволула игра со нејзиното тело, со некој кој не е способен да ја предизивика интелектуално.
Подготвена е да го употреби целото женско оружје, а својот шарм и привлечност за да го добие тоа што го сака. Оваа жена лесно се заљубува и затоа тежнее кон тоа да има повеќе од еден љубовник во исто време, се додека не го пронајде вистинскиот. Тогаш таа се смирува и се посветува на семејството, партнерот и бракот. Но дури и тогаш е спремна да каже “крај“, доколку партнерот ја изигра нејзината доверба или открие дека и е неверен.