Можеби нема да ви се верува, но оваа младолика жена е на половина од петтата деценија од својот живот. 44-годишната фитнес фанатичка е мајка на две деца, 13-годишен син и 9-годишна ќерка.
Фотографиите на Џанг Тингсјуен деновиве го обиколија светот, привлекувајќи море од комплименти за нејзиниот изглед. Слободно може да се каже дека младоликата Тајванка има кожа и тело на кои секој би позавидел.
Џанг е родена во 1971 година, а во својата татковина го добила прекарот „Gym Queen“ или „Фитнес кралица“ откако пред неколку години стекнала популарност со фотографии од своите тренинзи. Таа инстантно привлекла обожаватели со младешкиот изглед и тонираното тело, што ја поттикнало да започне да снима видеа со свои вежби и да ја напише книгата „Ослабете за шест минути“.
Инспиративната мајка тврди дека намалила 22 килограми од својата тежина преку аеробик вежби кои сама ги создала, а кои можат да се практикуваат каде било. Тренинзите траат околу 6 минути. „Вежбањето не треба да биде ограничено со време и локација. Штом ќе помислите на него, веднаш можете да започнете да правите вежби за растегнување за да го одржите своето тело во фит форма“ – вели таа.
ѓ
Тингсјуен им советува на оние кои сакаат да ослабат никогаш да не гладуваат, туку редовно да вежбаат.