Заборавете на вагата и раководете се од тоа како изгледате и како се чувствувате во своето тело.
Девојка преку две фотографии покажа дека килограмите се само бројка. Кога ја направила левата фотографија, Јола тежела 58 килограми, а кога ја направила десната фотографија, тежела 64 килограми.
Иако на втората фотографија активната Холанѓанка има +6 килограми, таа изгледа потенка и многу попривлечно одошто на првата. „Три години, 6 килограми и нови бикини… Тежината е само бројка“ – пишува Јола, која е фитнес тренер.
27-годишната девојка редовно споделува на Instagram фотографии од своето тело, мотивирајќи ги своите фанови да бидат што поактивни.
Ова е уште едно потсетување да не се загрижувате ако вашата тежина тапка во место, додека вие гледате дека со вежбањето го менувате своето тело и „топите“ сантиметри.