Високите потпетици се едни од омилените модни предмети на секоја жена. Дамите се одамна заљубени во нив, па токму затоа веруваме и дека уште долго време ќе ги носат. Дури и ако од нив ги болат нозете. Тие се убави, секси и заводливи, па токму затоа и припадниците на понежниот пол веруваат дека оваа болка вреди да се издржи за целосниот ефект.
Но, за среќа, постои решение и за тоа. Бидејќи е откриен изворот на болката која се јавува кога стапалото е во позиција на високите потпетици, само прашање на време беше пред да се открие и решението. Вие кога носите високи штикли, со подигнувањето на прстите, ги разделувате нервите помеѓу средниот и домалиот прст, па токму затоа и се појавува болката. Една жена се сетила на многу едноставно решение за кое ви е потребно само едно обично гумено ластиче за коса со кое ќе ги врзете овие два прста. Откако ќе го сторите тоа, ќе можете да ги носите вашите штикли без проблем и да се движите како вистинска дива без болка.