Таблета што сигурно ја имате дома, а ќе ви го продолжи животот за 12 години

popara22 март, 20161min00
19

Во серијата експерименти, популарните аналгетици – ибупруфен го продолжиле животниот век на квасецот, мувите и црвите за 15 отсто. Во човечки години, тоа би значело дека ќе живеет 12 години подолго. Но, она што е можеби уште позначајно е дека дополнителните години се покажале како исклучително здрави, што значи дека би можеле да добиеме дополнителни години квалитетен живот.

Американските научници изјавиле дека има многу причини за радост. Ибупруфенот е релативно сигурен лек што може да се најде во голем број домови, а за време на истражувањето „испитаниците“ добивале слични дози со оние што секојдневно ги земаат милион луѓе во целиот свет, за да се решат од главоболките, болките во зглобовите, грипот и различни исчашувања.

Сепак, сеуште не е јасно како овој лек, што овој пат се користи под името нурофен, го забавува стареењето. Научниците претпоставуваат дека процесот некакоњ е поврзан со сопирање на станиците од превземање на триптофен – аминокиселината што ја има во јајцата, чоколадата и мисирковото месо.

Научникот Мајкл Полименис кој беше дел од истражувачкиот тим изјави:

Сметаме дека е мошне охрабрувачки аспектот од нашето истражување дека постојат голем број сигурни лекови како што е ибупруфенот и коишто можеме и понатаму да ги истражуваме.  Исто така нашето истражување ја поддржува идејата дека лековите што вообичаено се употребуваат може да имаат неочекувани позитивни ефекти. Само се потребни понатамошни истражувања за да сфатиме поради што се случува тоа.

Иако ибупруфен се смета дека е сигурен лек, тој може да предизвика проблеми со варењето и чир на желудникот, па затоа не се препорачува самостојно лекување со него. Исто така, долгорочното земање на поголеми дози за артритис, на пример, може да го зголеми ризикот од мозочен и срцев удар, па дури и да ја намали плодноста кај жените.

Од друга страна со анализа на истражувањата на ибупруфенот, аспиринот и сличните аналгетици, откриено е дека за една петтина ја намалува шансата од заболување од вториот од трите најголеми видови карцином: ракот на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag