Доколку ве интересира што најчесто мажите премолчуваат пред вас, еве ви ја листата на одговори од која ќе се изненадите.
Колку и да сте блиски со својот партнер, бидете сигурни дека некои работи ги сокрива од вас. Секој фраер сака да изигрува „мачо“ и најчесто на никого нема да признае дека во него ја има онаа нежната страна, па дури ниту вам, макар да ве сака и најмногу на свет.
Впрочем, ова нема врска со вашиот однос, доверба или љубов, туку исклучиво со машката гордост која не му дозволува некои работи да ги изговори. Еве за што станува збор.
Емоции
Иако цело време се трудат да покажат дека се силни мажи, кои никогаш не плачат, всушност тие се многу емотивни. Работата е во тоа што честопати тие емоции се плашат да ги покажат, зошто мислат дека жените ќе им се потсмеваат.
Пораки од бившите
Кога ќе се случи бившата девојка да им пише тоа најчесто го прекриваат, не поради тоа дека се уште имаат чувства кон неа, туку затоа тоа што не сакаат да се расправаат со вас.
Плеј листа на телефонот
Како што жените имаат песни за кои никогаш не би признале дека ги слушаат, така и мажите имаат своја глупава плеј листа. На неа се наоѓаат песни „за девојки“ со емотивни стихови кои си ги пеат кога никој не ги гледа.
Често посетуваат порно страни
Факт е дека секој маж сака да гледа порнографски содржини во слободното време. Тоа не значи дека не ја сака својата девојка, туку дека сака да погледне нешто повозбудливо од време на време. Нешто слично како кога жените гледаат чевли по излозите.
Нервозни се на првиот состанок
Иако се мисли дека жените секогаш драматизираат, а мажите се однесуваат поспокојно, факт е дека и тие се нервозни кога прв пат ќе треба да се сретнете. Ќе глумат дека е се во ред, но длабоко во себе тие треперат.