Сакате да внесете малку од шмекот на Париз во вашиот дом? Тогаш овој вкусен и сочен колач од јаболка треба да се најде на вашето неделно мени.
Состојки за 4 личности:
- 50 грама путер
- 300 грама кафен шеќер
- 1 смрзнато лиснато тесто
- 1 килограм јаболки
Подготовка:
Со путерот премачкајте помало тавче или огноотпорен сад.
Посипете брашно во тенок слој на работната површина и со сукало развлечете го лиснатото тесто во големина на тавчето.
Распоредете го кафениот шеќер по тавчето.
Излупете ги јаболките и исечете ги на кришки.
Густо распоредете ги исечените јаболки по тавчето.
Прекријте ги со тесто и ставете ги во загреана рерна на 200 степени да се печат 15 минути.
Кога ќе се испече колачот почекајте да се излади и превртете го на голем тањир, со тоа што јаболките ќе бидат свртени нагоре.
Можете да го послужите со шлаг или само да наросите цимет.