Американски палачинки со прелив од рум

17 јануари, 20160
10

Кој не сака палачинки? Но дали сте пробале американски палачинки? Се подготвуваат многу лесно и според составот на тестото се слични на нашите.

Ова е едноставно, а вкусно јадење кое веруваме дека ќе ви се допадне и ќе биде редовно на вашето мени.

Состојки:

За тесто:

  • 200 грама брашно
  • 1 лажичка прашак за печиво
  • Пола лажичка сода бикарбона
  • 2 лажички шеќер (пожелно е кафен)
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 50 грама путер
  • 1 јајце
  • 300 милилитри млеко

Прелив:

  • 10 грама путер
  • 1 банана
  • 2 лажици шеќер
  • 20 милилитри рум
  • 50 грама бадеми

amerikanski palacnki so preliv od rum 01

Подготовка:

Ставете ги сите состојки за тесто во сад и матете додека да добиете глатка смеса. Почнете прво од течните, а потоа додавајте ги останатите состојки.

Потоа палачинките печете ги на тавче без да додавате масло.

Во тавчето сипајте поголема количина од смесата за разлика од нашите палачинки, бидејќи треба да бидат значително подебели.

Печете ги од двете страни додека не поруменат.
Кога ќе ги испечете палачинките, исечете ги бананите на кругови и ставете ги на малку путер. После една минута додадете го шеќерот и румот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber