Маска за лице против стареење

17 јануари, 20160
11

Нашето лице трпи се и поради тоа е огледало на сите промени кои се случуваат во нашето тело.

Затоа не е лошо од време на време да нанесуваме маска за лице која ги има сите потребни состојки за да ја сочуваме мекоста, здравјето и младоста на нашето лице.

Денес ви ја претставуваме маската за лице која ќе го отстрани чувството на стрес и умор, и која значително ќе го забави процесот на стареење.

Најдобро од се е што нема да ви чини ништо, бидејќи скоро сите производи кои се потребни најверојатно ги имате во вашата кујна.

Инаку оваа маска најчесто ја користат Јапонките и е составена од три состојки: ориз, млеко и мед.

maska za lice protiv stareenje 01

Сварете 3 лажици ориз (водата од варењето не ја фрлајте). Сварениот ориз измијте го убаво во ладна вода и додадете му една лажица топло млеко, а откако убаво ќе измешате додадете ја лажицата мед.

Подготвената маска нанесете ја во дебел слој на кожата на лицето и вратот. Оставете да делува 30 минути и потоа измијте ја со водата во која се вареше оризот.

Така ќе го добиете целосниот ефект.

Маската можете да ја користите четири пати неделно бидејќи е многу нежна и нема несакани дејства на кожата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber