Се шокирал: Сакал да провери колку работен стаж има, па открил дека е „мртов“!

18 јануари, 20160
1

Овој човек сакал само да провери колку работен стаж собрал, а дознал дека уште пред 12 години „загинал во несреќа“ и дека прво ќе мора да докаже дека е жив, а потоа да размислува за пензија.

Турчинот Али Сонмез (43) од Ескисехир во разговор со новинар на АА рекол дека го интересирало колку работен стаж собрал како градежен работник во неколку фирми и дека поради тоа се обратил во надлежната канцеларија.

– Минатата недела побарав да ми се издаде број за следење на работниот стаж. Се шокирав кога видов дека стажот ми е прекинат 1 септември 2004 година, а во образложението пишува дека сум загинал на работа. Јас цел овој период работев, а стажот не ми одел во системот бидејќи таму сум мртов, рекол Сонмез.

Сонмез потоа се обратил до надлежните кои го разгледуваат неговиот случај, а наскоро на суд ќе мора да сведочи во своја корист како би докажал дека е жив.

– Јас сега сум официјално мртов, а за пензија ќе размислувам дури откако ќе докажам дека сум жив, рекол Сонмез и додал дека станал главна тема на шега помеѓу неговите пријатели кои сега го нарекуваат „дух“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi