
Во секоја врска постои еден момент кога сфаќате дека сакате да го поминете остатокот од животот со таа личност, а постои и момент кога сфаќате дека едноставно ова не е љубовта на вашиот живот. Неколку луѓе на социјалната мрежа Reddit решиле да ги споделат моментите кога сфатиле дека нивниот брак е завршен.
Ова се нивните анонимни исповеди:
„Мојот маж ме изневеруваше и јас дознав за тоа. Наместо веднаш да си отидам, јас му реков: „Ајде да пробаме да го решиме ова, но мораш да прекинеш со девојката со којашто се гледаш.“ Неговиот одговор беше: „Но, што ако јас и ти не успееме?“. Тоа беше капката што ја прели чашата.“
„Еден ден дојдов дома и сфатив дека го нема ни мебелот, ни храната, ни жената. Потоа сфатив дека сметката во банката е празна. Таа ги земала со себе дури и коцките мраз од замрзнувачот. Каква личност го прави тоа?“
„Дојдов дома и го најдов мажот на нејзината сестра како лежи гол во нашиот кревет. Мојата жена се тушираше во моментот. Никогаш не ни ја запознав нејзината сестра затоа што е затворена во болница за душевно болни.“
„Еден ден се вратив порано дома затоа што имав мигрена. Го најдов во кревет со мојата најдобра пријателка. Нејзиното однесување ме повреди многу повеќе од неговото. Уште истиот ден расчистив со двајцата.“
„Претходната ноќ бев во болница и планираа да го отстранат слепото црево. Излезе дека сепак не е воспалено, па затоа ја откажаа операцијата и ме отпуштија од болницата и ми рекоа да мирувам што повеќе. До тоа утро, два дена немав јадено ништо. Маж ми ме чекаше неколку улици подоле со запален автомобил до кој морав да пешачам. Се јави на работа за да им каже дека ќе земе слободен ден за да се грижи за мене, а всушност целиот ден го помина играјќи игри или лежејќи во кревет.
Во куќата немаше храна и тој не сакаш да оди да купи храна, затоа што тоа обично јас го правев. Едно време почна многу да ми се јаде, а и понатаму ме мачеше болката заради слепото црево. Го прашав дали може да направи сендвич. Одеднаш почна да се лути заради тоа. Откако му реков дека тоа не ми е потребно во животот, ми рече: „Па можеме и да се разведеме ако сакаш“, а јас му одговорив: „Да, те молам. И онака размислувам за тоа веќе некое време.“