Текст кој вреди да се прочита: Мајка со паста за заби ѝ одржа животна лекција на ќерка си

popara19 август, 20161min00
8

Текстот на Ејми Бет Гардер ќе ви одржи животна лекција. Иако бил наменет за нејзината ќерка, откако Ејми го објавила на Facebook, тој стана вирален хит со повеќе од половина милион споделувања.

Имено, вечерта пред 10-годишната Бреона да тргне во петто одделение, внимателната мајка одлучила преку пример да ја научи колку е важно да биде љубезна и добра со сите на училиште. Еве како:

Мојата ќерка утре тргнува во петто одделение. Ѝ го декориравме шкафчето, ѝ купивме униформа, дури и ја изненадивме со нов ранец. Но, вечерва, пред да си легне, направивме уште една предучилишна задача која е далеку поважна од сите останати. Ѝ дадов туба полна со паста за заби и ја замолив да ја испразни во чинија. Кога заврши, смирено ја замолив да ја врати целата паста во тубата. Таа започна да извикува нешта како: „Но, не можам“ и „Нема да биде како што беше претходно“, а јас тивко ја чекав да заврши и ѝ го реков следново:

„Ќе ја паметиш оваа паста до крајот на твојот живот. Твоите зборови ја имаат моќта на живот или смрт. Во текот на претстојните учебни години ќе видиш колку тежина имаат твоите зборови. Ќе имаш шанса да ги искористиш твоите зборови за да ги повредиш, понижиш, оцрниш и раниш другите. Исто така ќе имаш шанса да ги искористиш твоите зборови за ги утешиш, охрабриш, инспирираш и сакаш другите.

Одвреме-навреме ќе правиш лош избор. Можам да ти набројам трипати во текот на изминатата недела кога сум ги искористила немарно моите зборови и сум повредила некого. Исто како и оваа паста, откако еднаш зборовите ќе излезат низ твојата уста, не можат да бидат вратени. Користи ги зборовите внимателно Бреона. Кога другите малтретираат со зборови, ти задржи ги твоите. Секое утро избирај од твојата уста да излегуваат зборови кои даваат живот. Вечерва донеси одлука да бидеш давач на живот на училиште. Прослави се по нежноста и сочувството. Искористи го твојот живот за да му дадеш живот на светот кој толку очајно има потреба од него. Никогаш, ама никогаш нема да зажалиш ако избереш љубезност.

Ејми и нејзиниот сопруг Пол имаат две ќерки кои се посвоени – Бриџит Дијана Гарднер која има 7 години и Бреона Стејси Гарднер која има 10 години. Процедурата за посвојување парот ја заврши пред една година.

Ејми Бет Гардер Ејми Бет Гардер Ејми Бет Гардер

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag