Утре ќе биде сончево и многу топло со слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и југoзападен правец. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Дневната температура ќе се движи од 30 до 40 степени Целзиусови.
Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.
Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата.