Тешко вам ако покрај вас е овој хороскопски знак: Тој им оди на нерви на сите!

popara20 јули, 20161min00
4

Секој хороскопски знак има некоја иритирачка особина на која сите му замеруваат. Но, еден знак е специфичен по ова прашање и речиси да нема човек кој, кога ќе се спомене знакот, нема да прокоментира дека „никогаш не сретнал посложена личност.“

Дали знаете кој хороскопски знак ја носи неславната титула „најиритантен“?

Тоа е Девицата. Иако и другите знаци имаат по некоја особина која не им се допаѓаат на сите, се чини дека потребата на Девицата да го искомплицира дури и наједноставното нешто ги надминува сите. Девиците сакаат да анализираат многу, а при донесување одлуки мора да бидат запознаени и со најмалите детали. Непопустливи се, критични и премногу се грижат, а токму тоа луѓето во нивно друштво најмногу ги нервира.

Познати се како „пицајзли“ кои сакаат сè да е во совршен ред, а ако им направите нешто лошо, бидете сигурни дека никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја можност да ве потсетат на неправдата што сте им ја нанеле.

Се разбира, Девиците имаат и многу позитивни особини поради што на луѓето во својата околина им се незаменливи, дури и кога ги нервираат. Фантастична се снаоѓаат во стресни ситуации и под притисок, практични се, а своите грижи ќе ги задржат за себе и нема да дозволат со нив негативно да влијаат врз другите. Силни се, снаодливи и сочуствителни.

Инстинктивно го чувствуваат лошото расположение на другите луѓе и секогаш се подготвени максимално да им помогнат. Никогаш нема да ве поштедат од својата брутална искреност и, токму затоа, секогаш ќе знаете на што сте со Девиците.