Таа беше девет години во врска со Скот Дисик, но постојано повторуваше дека едноставно не сака прстен. За целото време пак, Скот постојано инсистираше на брак, но на крајот тој сепак се откажа:
“Сакав брак многу повеќе од неа, но бидејќи таа беше незаинтересирана, престанав да го посакувам тоа”, изјави Скот во 2013-та година. А потоа тој ја изневери буквално пред очите на целата јавност.
Тие и неколку пати ја раскинуваа врската, а потоа минатата година и се смирија. Но тоа, претпоставуваме, не го променило ставот на Кортни кон бракот.
За Дајан се “шушкаше” дека тајно се венчала со канадскиот актер Џошуа Џексон, но по сè изгледа ништо од тоа. Таа за “UK’s Metro newspaper” изјави дека не се омажила, ниту пак има намера да се мажи.
Шарлот од “Сексот и градот” беше опседната со бракот, но Кристин никогаш.
“Се сеќавам дека кога бев помлада секогаш се прашував зошто по ѓаволите сите овие луѓе се мажат и женат”, изјaви во една прилика Кристин.
Таа беше верена за Шон Пен, а за “E!” изјави дека идејата за брак никогаш не ѝ била важна.
“Јас навистина сакам врски на долги патеки, тоа е заедницата која што ја посакувам.”
Се зборуваше и дека таа и Шон се разделиле токму затоа што тој инсистирал за да се венчаат.
Опра се забавува со Стедман Грахам веќе 30 години, но никогаш до сега тие не стапнаа на “лудиот камен”.
“Да ја имам титулата жена, од мене би се очекувало нешто што се очекува од секоја жена, и веднаш би била она што другите мислат дека е жена.”
А Опра и онака веќе има доволно обврски, зарем не?
Дајана отсекогаш отворено зборуваше за тоа дека не е заинтересирана за брак.
“Ме привлекуваат мажите, сакам да си играм со нив. Но да го делам животот со некој од нив? Тоа е сосема поинаков свет. За тоа би требало да бидете подготвени на компромис и да бидете реални. А јас тоа не би го можела, ни-ко-гаш!”
Голди се чини дека е отсекогаш со Курт Расел, но таа во една прилика изјави дека долгите врски не значат и дека мора да бидеш во брак за да траат.
“Важно е што сакате. Не треба да се изгубите себе си. Двајцата партнери секогаш треба да научат да живеат заедно иако можеби и не се согласуваат секогаш. Сè e прашање на избор”, вели Голди.