Ли Сенибалди која има 20 години и Рес кој има 60 години, се запознале кога таа имала само 17 години. Рес бил пријател на нејзиниот татко…
Откако првпат се запознале, започнале да комуницираат на Фејсбук сè додека не откриле нејзините родители.
Тогаш изгубиле контакт, но година дена подоцна, повторно се сретнале.
20-годишната Ли од Тенеси, тврди дека Рес Бенсон е нејзината сродна душа.
Понатаму таа вели дека искрите помеѓу нив се случиле инстантно и дека наскоро планираат да се верат, откако ќе заврши со студиите.
Во врска се веќе две години и покрај тоа што на нивната врска се спротивставуваат нејзините родители и пријатели.
„Луѓе зјапаат во нас, но тоа никогаш нè не навредило, напротив, се шегуваме со оние кои зјапаат во нас“ – вели Ли.