
“Sugardating” подразбира пријателство или врска, во која мажот ѝ дава пари на жената или подароци во замена за нејзиното друштво. Постојат многу мажи кои бараат спонзоруши, иако претежно не сакаат да зборуваат за тоа, но Ларс (42) одлучил да го сподели своето искуство.
Овој маж најпрво почнал да размислува за врските со спонзоруши откако повеќе од 12 години бил без партнерка. Ларс никогаш претходно не бил во врска со такви девојки, кои очекуваат пари или подароци, но од љубопитност одлучил да се обиде со тоа, па почнал да бара спонзоруши преку еден сајт.

„Не барам девојки на улица бидејќи би било погрешно да претпоставам дека некоја девојка е таква. Се трудам да ги почитувам другите луѓе и нивните приоритети“, вели Ларс.
Затоа, според неговото мислење, идеално е што постои сајт каде што може да најде такви девојки, а никого на не навреди. Кога станува збор за тоа како ги одбира девојките, тој вели дека најважна е „хемијата“.
„Ако не постои хемија помеѓу нас најдобро е да се прекине и да се продолжи понатаму. Но, искреноста и отворената комуникација исто така се многу важни, како и очекувањата од двете страни за тоа како треба да изгледа таа врска.“
„За мене е многу важно и двете страни да имаат исти очекувања“, вели овој маж и додава дека во зависност од желбата на девојките, во замена за нивното друштво им дава пари или подароци.

Иако сигурно сте помислиле дека тука не станува збор само за дружење, Ларс тврди дека не секоја врска со спонзорушите му била од сексуална природа.
„Тие се различни девојки. Некои врски беа сексуални, други беа повеќе пријателски, уживавме заедно да одиме на концерти, во ресторани… Се` зависи од девојката.“
Секако, многумина ги интересира зошто некој маж би се согласил да ѝ плаќа на девојка за дружење.
„Врските со спонзоруши се супер затоа што секогаш знаеш на што си, границите се јасни. Сакам традиционални машко – женски улоги. Ми се допаѓа идејата дека кога излегуваш со некого на состанок, доаѓаш со рози или подарок за да покажеш дека го цениш друштвото на твојата партнерка.“
Иако сега ужива во ваквите врски, Ларс вели дека во иднина би сакал да биде во традиционална врска.

Сепак, постои и една, до некаде логична причина зошто овој маж се одлучил за врски со спонзоруши.
„Мислам дека денес е многу тешко да се најде девојка или момче. Ми се чини дека личноста која туку што ја запознаваш очекува да бидеш целосно совршен, но всушност секој од нас е уникатен, има доблести и мани како и секое човечко битие.“