Олимписките игри кои во 2020 година ќе се одржат во Токио ќе ги обележат и демалите кои ќе бидат изработени од остатоци и делови од стари и рециклирани мобилни телефони.
Организаторите на Олимписките игри во Токио ќе ги изработат златните, сребрените и бронзените медали од стари и рециклирани мобилни телефони и друга потрошувачка електроника. Сите три метали се наоѓаат во овие уреди, а Јапонците сакаат да го искористат ова на оригинален начин.
Според статистичките податоци, Јапонците нема да имаат проблем да го реализираат ова, бидејќи за ОИ во Лондон биле потрошени околи 9,6 килограми злато, околу 710 килограми сребро и дури 1,3 тони за бронзени медали, а во Јапонија во текот на 2014 година биле пријавени дури 143 килограми злато, преку 1,5 тони сребро и дури 1112 тони бронза добиени со рециклирање на мобилни телефони.
Во Јапонија, секоја година се фрлаат околу 650.000 тони електронски уреди, а само околу 100.000 се искористуваат повторно.