Трагична судбина на младата Јована (19): Наместо на матурска, заминува во вечен сон

popara17 мај, 20161min00
2

Во семејството на младата пејачка Јована Којиќ (19) од Кикинда, Србија, која несреќно настрада во сообраќајка, владеат тага и неверување, пренесе српски Телеграф.

Роднините, пријателите и школските другари стоеле пред родната куќа на Јована, со желба да искажат последна почит за девојката за која имаат само пофални зборови.

Како што рекле за порталот, таа со пеење се занимавала од хоби, била одлична ученичка на Економското школо во Кикинда, играла кошарка и тренирала за локалниот кошаркарски клуб околу шест години.

Девојката деновиве се подготвувала за матурската вечер. Но, за жал, наместо матура, нејзиното семејство за неа подготвува погреб.

Јована загина пред два дена кога доживеала сообраќајка со музичарите со кои тргнала на свирка во локал во Кањижа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma