Андреја Пејиќ е позната трансродна манекенка која досега се има појавено во бројни познати ревии, а по потекло е од овие простори.
Андреја е мошне активна и на социјалните мрежи. Таа неодамна објави фотографија на која се гледа како позира во долна облека, но и како заведува.
„Поглед под веѓи“ напиша Андреја под нејзината фотографија.
Инаку, 24 годишната манекенка која важи за голема активистка и борец за правата на LGBTQ заедницата во светот неодамна се појави прв пат на насловна на некој познат моден магазин откако го промени полот. Станува збор за мартовскиот број на шпанското издание на познатиот магазин „Marie Claire“. Инаку, Андреја пред да го промени полот ги красеше насловните на бројни магазини, а меѓу нив „i-D“, „L’Officiel“ и посебно во есенското издание од 2011 година на престижниот магазин „New York“.