Ако стомачните не ви се омилени вежби или едноставно ви е здосадено од нив, еве ви еден супер тренинг за вашите стомачни мускулчиња.
Тренингот е целосно насочен кон стомачните мускули, мускулите на долниот дел од грбот и бочните мускули, а сите вежби се различни, без ниту едно повторување, па сигурни сме дека нема да ви биде досадно доколку ги вежбате редовно. Тренингот е одличен за целото тело и топи голем број калории во само половина час. Се што ве е потребно е добра подлога за вежбање и гооолема желба до летото да имате убави стомачни мускули.