Три хороскопски знаци кои се најголеми заводници и швалери

popara7 март, 20161min00
8

Секако дека и меѓу припадниците на овие хороскопски знаци има и верни, но тие се исклучоци што само го потврдуваат правилото дека овие три знаци се најголемите прељубници во Зодијакот.

Близнаци

Тие не планираат неверство, но со задоволство изневеруваат. Ако се посомневаат во верноста на саканата личност, простуваат, бидејќи ни самите не се нешто подобри. На мажите Близнаци,неверството едноставно им се случува, а доколку се случи нивната партнерка да дознае за тоа, ја убедуваат дека не е онака како што изгледа. Близнаците не се злопамтила, живеат во сегашноста, а нивната девиза е „земи се’ што ти пружа животот“.

Стрелец

Неверен по природа, дури и кога се обидува да биде верен, едноставно му доаѓаат такви ситуации и тој не може да му одолее на љубовниот предизвик. Затоа обично има барем неколку значајни врски или бракови, а ако остане во еден брак, не е верен, освен ако не се ожени во 40-тите. За разлика од жената Стрелец, која повеќе сака сурова вистина отколку најслатка лага (и затоа не ја плаши неверството), мажот роден во овој знак неверството на партнерката знае да го прости, бидејќи е свесен дека на некој начин и го заслужил.

Водолија

Водолијата сака да им држи лекции на другите, особено од морален тип, но и сама ги крши, бидејќи кому ќе му овозможи задоволство, ако не себеси?! На мажот Водолија му импонира да го бие глас на заводник во друштвото, но не забележува дека тоаи’ пречи на партнерката. Иако е неверен, мажот Водолија инсистира на фер-игра, па затоа тешко простува, бидејќи не може да поверува дека за неговата партнерка постои некој друг кој е поинтересен од него. Бидејќи од себе ги одбива сите што му се верни, мажот Водолија обично завршува покрај жена што ќе му биде се’ друго, само не и – верна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag