Кога се работи за одбирање на мажите, критериумите варираат кај понежниот пол.
Меѓутоа, постојат 3 клучни особини кои би требало да ги поседува секој кој сака да биде карактеризиран како Вистинскиот.
Тука не спаѓаат изгледот и парите, туку следниве работи:
Првата особина која секоја жена ја бара е можноста да се потпре на мажот кој го сака. Тој би требало да биде тука во моментот кога е неопходен, не по неколку дена. Ако не стои до својата избраничка тогаш кога е најпотребен, џабе му се сите пари или добрите стомачни.
Лигавата романтика не доаѓа предвид, но затоа романтичниот гест од време – на време знае да направи чудо. Будење со свежо цвеќе, ситница која долго време ја посакува или неочекувана вечера се работите кои жените никогаш нема да ви ги заборават.
Иако жените денес се прилично самостојни и силни, тоа не значи дека не им треба некој кој ќе се бори за нив. Може ви звучи како застарено клише, но жените обожаваат кога во нечија прегратка се чувствуваат заштитени од се лошо што е околу нив.