Секоја жена барем еднаш се нашла во оваа ситуација – пред вашиот прв секс партнерот бил загреан и многу заинтерсиран, но после сексот почнал да се однесува сосема поинаку. Зошто некои мажи се подготвени на сè додека „ловат”, а потоа бегаат?
Oвие три причини би можеле да го дадат одговорот на ова прашање.
Работата е во хемијата
По сексот, на жените им се подигнува нивото на окситоцин, а блискоста и галењето истовремено го намалува нивото на тестостерон кај мажите. Кај жените се развива потреба за блискост, додека мажот има потреба да си оди и да прави нешто продуктивно, што повторно ќе му го зголеми нивото на тестостерон.
Чувствува грижа на совест
Кога прерано ќе се впуштите во сексуален однос, некои мажи ќе се чувствуваат виновни и ќе сакаат да побегнат од тоа чувство. Повеќето од нив се свесни дека жената веќе развива чувства, а повеќето од нив не се подготвени на такви чувства во ваква ситуација.
Давате премногу
И пребрзо. Мажите не се вљубуваат кога нешто добиваат, туку кога нешто даваат. Конкретно, се вљубуваат во периодот пред сексот, во периодот кога се борат за можноста воопшто да дојде до него. Доколку морал да се бори за вас и доколку цело време има чувство дека мора нешто да дава, ќе остане со вас. Доколку сè добие на послужавник, со тек на време ќе го заинтересира некоја околу која ќе мора да се потруди.