
Првите редови на ревиите, моделите кои шетаат по пистите и Инстаграм фотките сведочат за враќањето на старо-новиот тренд – холандски плетенки.
Еуфоријата завладеја уште кога Ким и Клое Кардашијан се појавија со совршени плетенки на главата, а кулминираше за модните недели кои се одржуваа изминатиов месец.
Од сестрите Кардашијан, до модели како Карли Клос, па дури и минијатурната модна принцеза Харпер Бекам, сите го обожаваат овој тренд.
Без оглед на должината, бојата или обликот на косата, овој туторијал ќе ви се најде за деновите и пригодите кога сакате да изгледате како ѕвезда: